ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, потенцирајќи ја важноста на нуклеарната енергија рече: „Сега сме на пат да го спроведеме проектот за третата нулеарна централа. Сериозно ни е потребен енергетски потенцијал во доменот на напредната технологија. Нашата цел е, за неколку години, приближно 10 проценти од производството на струја да го задоволи нуклеарната енергија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган својот говор на отворањето на 23. Светски енергетски конгрес го започна со зборовите: „Добредојдовте во нашата држава и во градот Истанбул, кој ги поврзува континентите и цивилизациите“.
Посакувајќи му успешна работа на конгресот и потенцирајќи дека има за цел испраќање порака кон целото човештво со мотото ’Да делиме за мир’, Ердоган рече: „Нашата цел е создавање основа за визиите и сценаријата за кои имаше размена на идеи и ставови, како и преточување на енергијата во алатка за создавање на мир и правда“.
Претседателот Ердоган најави дека на конгресот една од темите ќе биде доводот на енергија во Африка и потсети дека Турција на секоја светска платформа каде што има право на збор ја истакнува оваа тема, а истата беше детално обработена на Светскиот хуманитарен самит кој се одржа во месец мај во Истанбул.
„Пред сè, сакам да потенцирам тука пред вас, дека нашата држава и народ во својата историја не носи срам од колонијализам. Денес, пристапот на нашата држава кон Африка, не е за природните ресурси, или за човечки ресурси, ниту пак се базира на некаква корист. Ние сакаме повторно да ги заживееме нашите хумани односи со Централна и Северна Африка како што тоа било во минатото. Покрај ова, ние се залагаме нашиот став за цела Африка кој гласи ’да не ја оставиме сама и угнетена, на која никој не ѝ подава рака’, да ни биде манифест со кој ќе ѝ пружиме прегратка. Активностите на овие простори ги спроведуваме и оценуваме според можностите на Африканците и заедно со нив. Очекувањата на луѓето од континентот, не се наметнувања со позадински намери, туку африкански решенија за африкански проблеми. Со овој пристап, за време на нашето претседавање со Г20 во 2015 година, покрај одржливиот и балансиран раст, како темелна цел го доведовме и инклузивниот раст. Сметаме дека, најгорчлив проблем е немањето пристап до енергија на континентот. Без да се реши проблемот со енергија, не можеме да зборуваме за развој, инвестиции, раст, здравје, храна и огрев“, истакна Ердоган.
Нагласувајќи дека на светско ниво од 1,1 милијарда луѓе, кои се лишени од пристап до електрична енергија, 650 милиони од нив живеат во субтропските предели на Сахара во Африка, Ердоган рече: „Додека северниот дел од земјата живее во богатство и благосостојба, на југот не можат да се задоволат и најосновните потреби. Нашите активности се интензивираат во однос на ова, поради ургентноста на ситуацијата во регионот“.
Ердоган додаде дека планот кој беше потврден од сите лидери, „Акција за енергетски пристап - Г20“, кога Турција беше претседавач, ќе биде од корист за координација на активностите во сферата на пристап до енергија. Изјавувајќи дека Турција е држава, која во најголем дел е зависна од странска енергија рече: „Покрај ова, Турција, посебно во последните 14 години покажува перформанс на раст над светскиот просек. Ова доведе до зголемување на побарувачката за околу 6 -8 проценти. Ние покрај тоа што работиме на задоволување на овие потреби, исто така работиме на осигурување на безбедноста на снабдувањето, како и на тоа да се прошири нашата енергетска кошница. Турција заедно со Блискиот Исток и Каспискиот Залив, зазема место за кое е докажано дека има околу 2 третини резерви на природен гас. Спроведовме многу проекти, со цел овие енергетски ресурси да се пласираат на светскиот пазар. Турција се има регистрирано на глобално ниво со проектите за спроведување на гасоводи на линија Иран и Баку – Тбилиси – Ерзурум, како и проектот за проврзувањето на Турција и Грција со природен гас. Го спроведовме гасоводот Баку – Тбилиси – Џејхан, кој овозможува азербејџанската и нафтата од Каспискиот Залив да течат кон Џејхан. Исто така, го градиме проектот ТАНАП (Линија на природен гас - Транс Анадолија) со Азербејџан. Со овој проект, азербејџанскиот гас преку Турција, ќе стигне до европскиот пазар. Правиме големи напори да го вклучиме и туркменскиот гас во овој проект. Продолжуваме и со активностите за спроведување рускиот гас преку Балканот и Црното Море. Позитивни сме во однос на ова. Втората фаза од овој проект ќе се развие во зависност од развојот на европскиот пазар на гас“.
Ердоган посвети внимание и на алтернативата, која произлегува од активностите на диверзификација на изворите на источниот медитерански гас, за кој, според истражувањата се покажува дека најповолен и профитабилен пат е Турција. Информирајќи дека Турција се наоѓа пред големи инвестиции, кои можат да направат таа да стане трговски центар за енергетика и гас, Ердоган рече: „На крајот на оваа година и во 2017 ќе направиме големи чекори, ќе оствариме големи инвестиции на ова поле. На овој начин ќе се доближиме до целта да станеме сигурен партнер во трговијата со природен гас во регионот“.
Обрнувајќи внимание на снабдувањето, транспортот и потрошувачката на природниот гас, тој рече: „Ние не сме држава снабдувач. Ние сме држава, потрошувач, транспортер и снабдувач. Имаме две функции. Ние исто така придонесуваме во сигурноста на снабдувањето со природен гас во Европа. Во овој контекст, имаме за цел да го создадеме четвртиот гасовод во Европа, по Русија, Алжир и Норвешка. Со спроведувањето на ТАНАП, ќе произлезе нова алтернатива за снабдување на Европа со природен гас. Поврзувањето пак на Турција и Грција е многу важно за Европа“.
- Нуклеарна енергија -
Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека нуклеарната енергија е една друга сфера која е многу важна за Турција и изјави: „Во 2010 година потпишавме меѓувладин договор со Руската Федерација за проектот на нуклеарната централа Акују. Со Јапонија направивме договор за проектот на нуклеарна централа Синоп да биде на крајбрежјето на Црното Море. Сега сме на пат да го спроведеме проектот за третата нуклеарна централа. Сериозно ни е потребен енергетски потенцијал во доменот на напредната технологија. Нашата цел е, за неколку години приближно 10 проценти од производството на струја да го задоволи нуклеарната енергија“.
news_share_descriptionsubscription_contact
