Emin Avundukluoğlu
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Стотици лица учествуваа на церемонијата во знак на сеќавање на сто и двете жртви од двојниот самубиствен напад извршен од страна на терористичката група ДАЕШ, во Анкара, на 10 октомври 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Анкара, Ерџан Топаџа, положи каранфили пред централната железничка станица каде што беше извршен нападот од страна на двајца бомбаши-самоубијци на ДАЕШ.
„Го помниме инцидентот со тагата со која живеевме минатата година“, изјави Топаџа.
Церемонијата беше проследена со безбедносни мерки околу централната станица, хеликоптери над церемонијата и снајперисти позиционирани на покривите.
Во минатогодишниот напад кој беше насочен кон мировниот собир загинаа 102 лица, додека 391 беа повредени.