Diyar Güldoğan
17 Септември 2022•Ажурирај: 18 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по завршувањето на дводневната посета на Узбекистан замина за Њујорк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган ќе присуствува на генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), закажана за вторник.
Генералното собрание ќе заседава на темата „Момент во пресрет: Трансформативни решенија за меѓусебните предизвици“.
Ердоган ќе оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и ќе одржи разговори со шефовите на држави и влади на маргините на состанокот на ОН.
Турскиот претседател се очекува да прими и претставници на турски невладини организации со седиште во САД и на еврејски групи, а ќе присуствува и на настанот во организација на Турско-американскиот бизнис-совет со учество на претставници од светот на бизнисот.