Турција

Ердоган: „Договорот за примирје во Либија не е постигнат на највисоко ниво“

„Ние не сме земја која секојпат ќе ги прашува САД дали можеме да го тестираме своето оружје. Тестираме ние и друго оружје, вклучително и оние кои ги купуваме од САД, и тоа и понатаму ќе го правиме“

Hatice Şenses Kurukız, Berk Özkan  | 23.10.2020 - Обновена : 24.10.2020
Ердоган: „Договорот за примирје во Либија не е постигнат на највисоко ниво“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека и Турција би требало да се најде со Русија во процесот на мировните преговори кои ќе се водат меѓу Азербејџан и Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Уверен сум дека Турција има право да придонесе за решението и мирот, во најмала рака колку што има право и Русија. Знаете дека Турција како членка на ОБСЕ има место во триото во Минск, кое досега, за жал, не покажа резултати. Азербејџан со право вели дека ќе бара во преговорите да се најде и Турција, доколку Ерменија побара присуство на Русија. Во тој контекст Турција би требало да се најде со Русија во тој процес на мировни преговори и воспоставување на погранична сигурност“, изјави Ердоган во обраќањето на новинарите во Истанбул.

По завршувањето на петочната молитва во Ускудар, Истанбул, Ердоган за новинарите изјави дека Русија не давала изјави во кои негативно зборува за Турција, туку дека Турција и Русија соработуваат во решавањето на кризата во Сирија и Либија, и додаде дека се надева оти така ќе биде во процесот на решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах.

На прашањето на новинарите да ги коментира критиките кои Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) ги изнесе во врска со информациите за тестирањето на ракетните системи „С-400“ во турскиот град Силопи, Ердоган изјави дека е точно дека тие тестирања се извршени и дека тие и понатаму се спроведуваат. Додаде дека Турција не ја интересираат таквите американски ставови.

„Ние не сме земја која секојпат ќе ги прашува САД дали можеме да го тестираме своето оружје. Тестираме ние и друго оружје, вклучително и оние кои ги купуваме од САД, и тоа и понатаму ќе го правиме“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател понатаму посочи дека и Грција поседува руски ракетни системи „С-300“ и дека ги тестира, а дека на САД тоа не им пречи.

„Наводно ним им пречи што тука имаме руско оружје. Ние сме одлучни и продолжуваме по својот пат“, порача Ердоган.

Од Канцеларијата на ОН во Женева денеска е соопштено дека спротивставените страни во Либија постигнале договор за воспоставување на траен прекин на огнот, а турскиот претседател Ердоган изјави дека тоа не е договор кој е постигнат на највисоко ниво, и додаде дека времето ќе покаже колку тој бил успешен.

„Не ми изгледа баш најдоверлив. Се надевам дека примирјето ќе се почитува“, изјави Ердоган, и додаде оти се надева дека примирјето во Либија нема да ја има судбината на примирјето кое Ерменија го договара со Азербејџан, па веднаш го прекршува.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın