Zafer Fatih Beyaz
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека го осудува грозоморниот напад извршен врз вработените на турскиот Конзулат во Ербил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на Твитер напиша објава во врска со нападот извршен врз вработените на турскиот Конзулат во Ербил, во која рече дека продолжуваат иницијативите за пронаоѓање на сторителите на овој напад.
„Го осудувам грозоморниот напад извршен врз вработените на нашиот Конзулат во Ербил. Од Бога посакувам милост за вработениот во нашиот Конзулат, кој загина во нападот. Продолжуваат нашите иницијативи со ирачките власти и локалните функционери, со цел итно фаќање на сторителите на нападот“, напиша Ердоган.