Merve Özlem Çakır
17 Јули 2019•Ажурирај: 21 Јули 2019
АНКАРА (АА) - МЕРВЕ ОЗЛЕМ ЧАКИР - Турската компанија „Албајраклар груп“ („Albayraklar Group“) разви надградбен уред за пиштол, кој освен функција на пригушување, го елиминира повратниот удар при испукувањето, дометот и влијанието од куршумот, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за апарат кој е 100 отсто домашно производство, што го развија турските инженери во компанијата „Албајраклар“. Од компанијата наведуваат дека овој уред се користи и на оружјето кое се поставува на беспилотните летала.
Претседателот на Управниот одбор на компанијата „Албајрак“, Аднан Албајрак, во разговор со новинарот на АА изјави дека турските инженери веќе подолг период работеле на апаратот, кој има изглед сличен на стандарден пригушувач, но освен тоа тој има функција и за блокада на повратниот удар при испукувањето.
Албајрак истакна дека овој производ е осмислен и направен на начин да ја удвојува брзината, дометот и влијанието на стандардните НАТО-куршуми, а истовремено има и функција на пригушувач.
Тој додаде дека овој уред може да се користи на сите видови оружје со краток и долг дострел, и дека е погоден за сите видови муниција.
„Ниту еден од моментално достапните системи во светот, како што се специјалните пригушувачи, компензатори на повратниот удар при испукување, кочници и сокривачи на пламен, не успеаја во потполност да го елиминираат повратниот удар на оружјето при испукување. Ова е прв и единствен уред кој повратниот удар го сведува на нула. Освен тоа, системите досега развиени во светот го успоруваат куршумот, додека нашиот систем на куршумот му дава двојно забрзување, како и неговиот домет и влијание“, изјави Албајрак.