Ali Kemal Akan
26 Јули 2023•Ажурирај: 27 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Претседателската палата во Анкара ги прими палестинскиот претседател Махмуд Абас и шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, јавува Анадолу.
Трилатералната средба на Ердоган со палестинскиот претседател и шефот на Политичкото биро на Хамас, кои се во официјална посета на Туркије, беше затворена за медиумите.
Ердоган, со највисоки државни почести, вчера во Анкара го пречека палестинскиот претседател Абас.