Ердоган во Италија: Италијанските компании треба да ја гледаат Туркије како порта кон Азија, Блискиот Исток и Африка
„Економијата на Туркије продолжува да расте и покрај конфликтите и војните во регионот, како и разорниот земјотрес од 2023 година“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика италијанските компании да ја гледаат Туркије како порта кон Азија, Блискиот Исток и Африка, исто како што турските компании ја гледаат Италија како порта кон Европа, јавува Анадолу.
„Економијата на Туркије продолжува да расте и покрај конфликтите и војните во регионот, како и разорниот земјотрес од 2023 година“, рече Ердоган на бизнис форумот во Рим.
Анкара е решена да ја спроведе својата економска програма, рече Ердоган, додавајќи дека е посветена и на подобрување на инвестициската клима и на спроведувањето на структурните реформи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.