Ali Bayaslan
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул рече дека Турција ја водат луѓе кои се избрани со волја на повеќе од 45 милиони луѓе и рече дека "ние знаеме да застанеме и пред тенкови", јавува Anadolu Agency (AA).
Извори на безбедносните сили на Турција за АА соопштија дека е утврден идентитетот на 104 лица кои учествуваат во обидот на пуч во Истанбул и дека еден дел од нив се лишени од слобода.
Турските безбедносни сили ги преземаат сите потребни мерки и би требало сите 104 идентификувани учесници на обидот за пуч, до утрото да бидат зад решетките.
Истиот извор соопшти дека меѓу идентификуваните учесници има и поранешни припадници на безбедносните сили кои биле суспендирани поради поврзаноста со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
„Вие сте наши војници, и како наши војници, неприфатливо е да го свртите вашето оружје кон народот кој е наспроти вас, вашите мајки, татковци, браќа. Ова оружје ви беше дадено од страна на овој народ, и доколку вие, ова оружје, го свртите кон народот кој ви го даде тоа оружје, скапо ќе ја платите цената. Потребно е бргу да ја исправите својата грешка“ порача турскиот претседател Ердоган кој додаде дека движеето кое се обиде да изврши бунт е предиавничко.
„Во моментов ова движење е предавнички чин и претставува бунт. Се подразбира, прадавството на татковината многу скапо ќе го платат. Ова однапред го кажувам.“