Özcan Yıldırım
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет одржа прес-конференција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Никогаш не се колебаме, ниту се двоумиме врз основа на меѓународното право, легитимно да им одговориме на оние што излегуваат пред нас со совети. Ние веруваме дека користењето на Аја Софија како место за богослужба наместо обичен музеј ги прави среќни луѓето од сите вери“, рече Ердоган.
- „Нема да дозволиме никој да посегне со раката“
Претседателот Ердоган продолжи со зборовите:
„Можеме да кажеме дека сме сведоци на безмалку повторното раѓање на една нација со молитвите во Аја Софија. Денес повторно се колнеме дека никому нема да му дозволиме да посегне по нашиот езан (повикот на молитва), нашето знаме, нашата држава.
Колку повеќе нашите џамии се истакуваат во силуетата на оваа земја, толку повеќе се доближуваме до нашите цели“.
Ердоган најави дека во тимот на обезбедувањето на Големата џамија Аja Софија (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) континуирано ќе работат 500 лица.