Orhan Pehlül,Mesut Varol
15 Март 2023•Ажурирај: 15 Март 2023
АДИЈАМАН (АА) - Најмалку едно лице загина, а четири се исчезнати поради поројните поплави во југоисточната турска област Адијаман, изјави официјален претставник, јавува Анадолу.
Обилните врнежи предизвикаа излевање на реката Егричај во областа што предизвика поплави.
Водата од поплавата однела контејнер поставен во градина во подрачјето на Тут.
Нуман Хатипоглу, кој работи како координатор во Адијаман, рече дека на местото на настанот биле пратени екипи за пребарување.
„Некои од нашите тимови за поддршка и возила цело време доаѓаат тука додека го расчистуваат патот. Еден наш граѓанин загина во инцидентот, а четворица наши граѓани се водат како исчезнати. Нашите тимови продолжуваат со напорите за пребарување“, рече тој.
„Се обидуваме да допреме и до други луѓе. Се надеваме дека ќе стигнеме до нив колку што е можно поскоро. Ова е катастрофа! Инцидентот се случи откако контејнерот го однесе надојдената вода“, додаде Хатипоглу.
Надојдената вода предизвикува и прекин во сообраќајот на главниот булевар Ататурк и на другите улици и авении.
Турската агенција за управување со катастрофи АФАД, полицијата, жандармеријата и општинските тимови продолжуваат да ги евакуираат областите каде што постои опасност од поплави.
Минатиот месец Адијаман беше погоден од два земјотреса што го потресоа поголемиот дел од Јужна Туркије и усмртија повеќе од 48.000 лица.