Aykut Karadağ
11 Февруари 2023•Ажурирај: 13 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) - Двогодишната Алије Дагли спасена е од урната зграда во Хатај шест дена по разорните земјотреси што во понеделникот ги потресоа јужните области на Туркије, известува Анадолу.
Спасителите го изнесоа бебето Алије Дагли во прегратки и им го предадоа на медицинските екипи.
„Во земјотресите на југот од Туркије загинаа 21.848 лица, а спасени се 80.104 повредени. Во подрачјата погодени од земјотресите, заедно со екипите од други земји, активни се 160.000 спасувачи, медицинари и друг персонал“, соопшти претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.
Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Во овие земјотреси, што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.