Havva Kara Aydın
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Со операција спроведена од турската крајбрежна стража спасени се 25 мигранти кои беа вратени назад од Грција и оставени во Егејското Море, со што беше загрозен нивниот живот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чамец, кој превезувал десетици илегални мигранти, меѓу кои и деца, кој грчките безбедносни сили ги истуркале назад во турските територијални води во Егејското Море, беше забележан од страна на беспилотни летала на 9 ноември.
На снимката се гледа како два брода на грчката крајбрежна стража го туркаат чамецот со 25 мигранти од сопствените територијални води кон турските територијални води.
Мигрантите беа спасени од страна на турската крајбрежна стража.
Во текот на изминатите месеци се забележани неколку извештаи според кои грчките сили нелегално ги враќале назад чамците со мигранти, со што на тој начин го загрозиле нивниот живот.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено за оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата претходно оваа година ги отвори границите за илегалните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека не ги исполнила своите ветувања според Договорот за мигранти од 2016 година.