Турција

Гросшартнер победник на 55. Претседателска велосипедска тура на Турција

Австриецот Гросшартнер (25), кој вози за тимот Бора-Хансгрое, победи на турата којашто се состоеше од шест етапи, во должина од речиси 1.000 километри

Fatih Erel  | 21.04.2019 - Обновена : 23.04.2019
Гросшартнер победник на 55. Претседателска велосипедска тура на Турција

ИСТАНБУЛ (АА) - Феликс Гросшартнер од германскиот тим Бора-Хансгрое победи на 55. Претседателска велосипедска тура на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Велосипедистите возеа низ тунелот Евроазија, кој ја поврзува Азија со Европа под Босфорскиот Теснец.

Австриецот Гросшартнер (25), кој вози за тимот Бора-Хансгрое, победи на турата којашто се состоеше од шест етапи, во должина од речиси 1.000 километри.

Гросшартнер стигна на врвот на генералниот пласман со време од 24 часа 53 минути 58 секунди, Италијанецот Валерио Конти од тимот БАЕ Емирати беше втор, додека третото место му припадна на Еритреецот Мерхави Кудус од тимот на Астана.

Инаку, Калеб Еван од тимот на Лото Соудал победи во последната етапа во должина од 172,4 километри, која ја помина за 4 часа 10 минути и 41 секунда.

55. издание на петдневната Претседателска тура на Турција се возеше до денес, 21 април, а во неа зедоа учество 119 велосипедисти од 17 велосипедски тимови. Турата започна во Истанбул во вторникот, која третпат по ред е дел од „UCI World Tour“.

Организирана од страна на Турската велосипедска федерација, Претседателската велосипедска тура на Турција за првпат се одржа во 1963 година, а две години подоцна доби меѓународни димензии.

Етапите на турата оваа година беа: 

16 април: Истанбул - Текирдаг (156,7 км)

17 април: Текирдаг - Еџеабат (183,3 км)

18 април: Чанаккале - Едремит (122,6 км)

19 април: Баликесир - Бурса (194,3 км)

20 април: Бурса - Картепе (164,1 км)

21 април: Сакарја - Истанбул (172,4 км)

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.