Barış Gündoğan
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Врховната изборна комисија (YSK) на Република Турција го одби барањето за поништување на референдумот поднесен поради наводно кршење на законот. Во текот на гласањето за барањето за поништување на референдумот 10 членови на Врховната комисија беа „против", еден член беше „за", јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од од Врховната комисија е наведено дека изборната комисија го разгледала барањето на Републиканската народна партија (ЏХП), Народната демократска партија (ХДП) и Партијата Татковина, а се работи за барање за поништување на референдумот поради наводно кршење на законот.
„На денешната седница свикана поради барањето за поништување на референдумот на 16. април оваа година, се гласаше одделно за секој од трите поднесени барања. Донесена е одлука за одбивање на барањето откако 10 чланови гласале 'против', а еден од нив 'за'", пишува во соопштението на Врховната изборна комисија.