Meryem Göktaş
22 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку деветмина терористи на ПКК се неутрализирани во турската југоисточна област Хакќари, објави денес Министерството за внатрешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се вели дека терористите се неутрализирани за време на антитерористичките операции изведени во руралното подрачје на Хакќари.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ).
Во својата терористичка кампања против Турција, која трае над три децении, убиени се над 40.000 луѓе, вклучувајќи голем број жени и деца.