Can Erözden
22 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
КИРКЛАРЕЛИ/ВАН/СИВАС/БАТМАН (АА) - Најмалку 376 нелегални мигранти се фатени низ Турција, соопштија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во северозападната турска област Киркларели, турската жандармерија фати 136 илегални мигранти во близина на бугарската граница“, велат изворите, кои зборуваа под услов на анонимност.
Мигрантите со потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и Иран се испратени до Центрите за миграција, додека четири осомничени лица се уапсени поради криумчарење луѓе.
Во меѓувреме, во источната област Ван, се задржани 203 илегални мигранти од Авганистан и Пакистан.
Од мигрантите, 167 се фатени при рација во куќа, додека останатите 36, меѓу кои и жени и деца, се фатени за време на регуларни патроли.
Утринава полицијата во централната турска област Сивас во автобус фати 17 нерегуларни мигранти.
Полицијата, мигрантите со потекло од Авганистан ги пронајде во текот на проверка на идентификација и ги испрати до надлежните служби за миграции во областа.
Исто така жандармериските сили во југоисточната турска област Батман фатија 20 нерегуларни мигранти од Авганистан и Пакистан, а подоцна ги испратија до подрачната Канцеларија за миграции.
Турција е главна рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година, кога започна Граѓанската војна во Сирија.