Yunus Okur
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
ЕРЗУРУМ
Припадникот на терористичката организација ПКК, кој е осомничен за убиство на локален турски политичар и неговиот внук, е уапсен денес во Ерзурум, во источниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на областа Ерзурум, Окај Мемиш, за новинарите во тој град изјави дека терористот под кодно име „Шевгер“, Мухамет Фадулах Камис, по апсењето го признал убиството на членот на Собранието на Општината Карајзи во Ерзурум, пред Партијата за правда и развој (АК Партија), Савџи Кучук, и на неговиот внук.
Жртвите се пронајдени во напуштен автомобил на подрачјето на Ерзурум на 18 јуни оваа година. Камис се наоѓаше на листата на барани терористи, а за информациите за неговата локација или движење е понудена и награда од околу 50.000 евра.
При апсењето кај Камис е пронајден пиштол, муниција и рачна бомба.