Турција

Во Турција се одбележува 19 мај - Денот на младите и спортот

На 19 мај 1919 година, Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Турција. Поради тоа 19 мај е особено важен во земјата.

Hikmet Faruk Başer  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
Во Турција се одбележува 19 мај - Денот на младите и спортот

ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција денеска со низа манифестации се одбележува 19 мај - Денот на младите и спортот, што воедно е и Ден на сеќавање на првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).

Во текот на денот планирани се низа манифестации, а утринава шефот на Одделот за млади и спорт во Истанбул, Џемил Баглама, по одржувањето на едноминутното молчење положи венец на спомен обележјето на Таксим, а потоа е интонирана химната на Република Турција.

На полагањето цвеќе присуствуваше и заменикот на гувернерот на Истанбул, Ахмет Хамди Уста, и голем број други официјални претставници, претставници на неколку политички партии, наставници, ученици и многу други.

На 19 мај 1919 година, Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Турција. Поради тоа 19 мај е особено важен во земјата.

Денот на младите и спортот се одбележува со разни манифестации во Република Турција, како и во други држави низ светот во кои живее турската дијаспора.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın