Sena Güler
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Шест лица се приведени во турскиот главен град Анкара поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вчера се приведени 21 осомничен, а со новите шест осомничени што се приведени денес бројот се искачи на 27“, изјави извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Приведувањата се извршени откако се издадени налози за вкупно 37 осомничени лица, меѓу кои шест тајни имами и 31 лекар, како дел од истрагата за инфилтрација на терористичката организација во Воената медицинска академија „Ѓулхане“ (ГАТА).
„Четиринаесет од лекарите, кои се товарат дека периодично преку говорници контактирале со лица поврзани со тероризмот, биле во активна служба“, додаде изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа ранети.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.