Турција

Во Турција минибус со мигранти излета од патот: 15 загинати

Во турската област Ван дојде до тешка сообраќајна несреќа откако минибус кој превезувал нерегуларни мигранти излетал од патот и се стркалал во провалија. Во несреќата животот го загубија 15 лица

Cemal Aşan  | 18.07.2019 - Обновена : 19.07.2019
Во Турција минибус со мигранти излета од патот: 15 загинати

ВАН

Во турската област Ван дојде до тешка сообраќајна несреќа откако минибус, кој превезувал нерегуларни мигранти, излетал од патот и се стркалал во провалија. Во несреќата животот го загубија 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Според добиените информации, во подрачјето на Ипекјолу на патот Ван - Озалп, од засега непознати причини, возачот на минибусот со мигранти ја загубил контролата над возилото и излетал од патот, превртувајќи се во провалија.

На местото на несреќата се испратени голем број тимови на Националната медицинскa спасувачка екипа (UMKE). Поради несреќата, се спроведува контролиран проток на сообраќајот.

Гувернерот на Ван, Емин Билмез, за АА изјави дека во несреќата животот го загубиле 15 лица.

Гувернерот Билмез информираше дека во несреќата што се случила во подрачјето на Ерчек, минибусот со мигранти се обидувал од планинскиот пат да пристигне во градот и додаде:

„Минибусот, кој превезувал нерегуларни мигранти од Мурадије, движејќи се по планинскиот пат, се стркалал во провалија. По несреќата на местото на несреќата се испратени спасувачки екипи. Досега 15 лица ги загубија животите, а повеќе од 20 се повредени. Болниците ги презедоа потребните подготовки. Засега немаме податоци за нивната национална припадност, што би ги споделиле. Проценуваме дека потекнуваат од Авганистан, Пакистан и Бангладеш. Меѓу загинатите има деца и жени.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.