Hasan Hüseyin Kul,Taha Erham Keleş
10 Септември 2022•Ажурирај: 11 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 85 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која се судриле четири метробуси во населбата Авџилар во европскиот дел на Истанбул, известува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случила на станицата во населбата Авџилар, каде што прво дошло до директен судир на два метробуса, а потоа и до верижна сообраќајна несреќа во која учествувале уште две такви возила.
На местото на несреќата пристигнале надлежните служби, а сообраќајот бил привремено прекинат, што предизвика голем сообраќаен метеж.
Истанбулско претпријатие IETT, надлежно за јавниот превоз, соопшти дека во болница се згрижени 85 повредени лица.
„Повредените се хоспитализирани и внимателно ја следиме ситуацијата. Во моментов никој не е во животна опасност“, се наведува во соопштението на IETT.
Али Јерликаја, гувернерот на Истанбул, преку социјалните мрежи им посака брзо закрепнување на повредените.