Eda Özdener
28 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Во првите 5 месеци од годината Турција ја посетиле 12.757.522 странски туристи, што во споредба со истиот период минатата година, претставува раст од 11,3 %, јавува Anadolu Agency (AA).
Според статистиката на Министерството за култура и туризам на Турција за влез и излез од државата, во мај оваа земја ја посетиле 4.022.254 странски туристи.
Споредено со истиот период минатата година, тоа претставува раст од 9,35 % на бројот на странски посетители.
Според статистиката, во првите 5 месеци од годината, Турција ја посетиле 12.757.522 странски туристи, што е раст од 11,3 % во однос на истиот период минатата година.
- Русите на прво место
Русија е земја која испрати најголем број туристи, кои во мај ја посетија Турција. Таа е на првото место со 963.359 посетители. Втора е Германија со 410.373 посетители, додека на третото место е Британија со 310.004 посетители.
Во период од првите 5 месеци од годината, во Турција најголем број посетители дошле од Русија. Во тој период Турција ја посетиле 1.673.652 Руси, што претставува раст од 20,54 % во однос на истиот период минатата година.
Следува Германија со 1.213.857 посетители, додека трета е Бугарија со 982.717 посетители.
Според статистиката на граничните премини од кои странците направиле влез во Турција, на прво место е Анталија, а следуваат Истанбул и Мугла.