Zehra Nur Düz
19 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - „Имамот“ за Мексико на терористичката организација ФЕТО, Осман Караџа, е уапсен од страна на Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) во странство и донесен во Турција, соопштија денеска безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Караџа е уапсен под обвиненија за основање и раководење со вооружена терористичка организација, изјави извор, кој сакаше да остане анонимен.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч од 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 се повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.