Турција

Турција: Во акција против ФЕТО уапсени 32 лица, меѓу нив активни полицајци

Во истовремените акции на полицијата во 23 градови низ Турција, извршен е претрес на 44 адреси, според претходен налог за приведување на 41 активен или суспендиран полицаец...

18.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
Турција: Во акција против ФЕТО уапсени 32 лица, меѓу нив активни полицајци

ИСТАНБУЛ (АА) - Во операција насочена против структурите на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во редовите на турската полиција, од слобода се лишени 32 лица, меѓу кои и активни полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).

Во истовремените акции на полицијата во 23 градови низ Турција, денеска е извршен претрес на 44 адреси, според претходен налог за приведување на 41 активен или суспендиран полицаец осомничен за членство во ФЕТО.

Од слобода се лишени 32 лица, а по останатите се трага.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, во ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција формално го побара од САД.

Членовите на терористичката организација со години преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се така во државните институции. Потоа, прво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во турското правосудство преку наместен процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше крвав обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули 2016 година офицерите во турската војска лојални на таа терористичка организација започнаа обид за пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во којашто е активна, а на тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. Во текот на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а беа ранети околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.