Турција

Во источна Туркије задржани 40 нерегуларни мигранти

Припадниците на жандармеријата на контролен пункт се обиделе да запрат сомнително возило кое било на пат кон подрачјето на Сарај

Yılmaz Kazandıoğlu  | 04.07.2022 - Обновена : 05.07.2022
Во источна Туркије задржани 40 нерегуларни мигранти

ВАН (АА) - Турските сили задржаа 40 нерегуларни мигранти во источната турска област Ван, јавува Агенција Анадолија (АА).

Припадниците на жандармеријата на контролен пункт се обиделе да запрат сомнително возило кое било на пат кон подрачјето на Сарај, се вели во соопштението на Канцеларијата на гувернерот.

„Возачот на возилото не го запрел возилото на сигналот на жандармеријата, по што стрелано е во гумите на возилото“, се вели.

Се додава дека во возилото имало 40 нерегуларни мигранти.

„Во инцидентот, еден мигранти за жал го загуби животот, а 12 нерегуларни мигранти се полесно повредени“, се додава.

Потрагата по криумчарот на мигранти и возачот на возилото кои избегале по инцидентот продолжува.

Туркије е клучна транзитна рута за нерегуларни мигранти кои сакаат да преминат во Европа да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон од нивните земји.

Таа веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, и презема нови безбедносни мерки на нејзините граници за хумано да спречи нов бран на мигранти.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın