Rauf Maltaş
14 Февруари 2023•Ажурирај: 15 Февруари 2023
ШАНЛИУРФА (АА) - Шефот на проектот за изградба на станбена зграда во Шанлиурфа, Туркије, под чии урнатини во земјотресот загинаа 14 лица, е приведен во Истанбул, јавува Анадолу.
Во рамките на истрагата што ја спроведе Обвинителството во Шанлиурфа, извршен е увид на урнатините на зградата во населбата Халилије.
По извршениот увид, полицијата го привела шефот на проектот за градба, со иницијали О. Е., против кого е поведена правна постапка.
О. Е. не бил достапен во Шанлиурфа и по него била распишана потерница, а набрзо бил приведен во Истанбул.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије, со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.
Над 31.900 луѓе загинаа во Туркије, а повеќе од 80.000 се повредени.