Ahmet Gençtürk
25 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
СИВАС (АА) - Со надоаѓањето на студената воздушна маса и обилните врнежи од снег во Турција, температурата во град во централна Турција стигна и до 30,9 степени Целзиусови под нулата, соопштија метеоролозите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во гратчето Гурун, во централната турска област Сивас, е регистрирана најниската температура во Турција. По него следуваа селото Самат во Гереде во северозападната област Болу, во кое температурата достигна минус 29,6 степени Целзиусови, и Дортдиван, исто така во Болу, со минус 28 степени Целзиусови.
Според прогнозите во Сивас и Болу се очекува мало затоплување во наредните неколку дена, со што жителите ќе здивнат од зимскиот студ.