Турција

Во артилериски оган на сирискиот режим во Идлиб загинаа 5 турски војници

„Како резултат на интензивните артилериски гаѓања, смртно настрадаа 5 наши храбри војници, додека пет војници се повредени“, се вели во соопштението, во кое се додава дека соодветно е одговорено на гаѓањата и дека биле уништени целите

Sarp Özer  | 10.02.2020 - Обновена : 10.02.2020
Во артилериски оган на сирискиот режим во Идлиб загинаа 5 турски војници

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека како резултат на интензивните артилериски гаѓања на силите на режимот во Идлиб, загинаа 5 турски војници, а пет војници се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на ова министерство, силите на режимот извршиле интензивни артилериски гаѓања врз турските воени елементи, кои во регионот се наоѓаат заради спречување на судирите, обезбедување на граничната безбедност и за спречување на миграцијата и хуманитарната драма.

„Како резултат на интензивните артилериски гаѓања, смртно настрадаа 5 наши храбри војници, додека пет војници се повредени“, се вели во соопштението, во кое се додава дека соодветно е одговорено на гаѓањата и дека биле уништени целите.

„Одблизу се следат настаните и се преземаат потребните мерки. Од Бога посакуваме милост за нашите шехиди кои починаа во овој случај, што предизвика длабока болка и тага кај нас, а упатуваме сочувство до нивните семејства, до Турските вооружени сили и до нашиот благороден народ. Посакуваме брзо заздравување на нашиот повреден персонал“, се нагласува во соопштението.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın