Süleyman Elçin
12 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Во Анталија продолжува снимањето на акциониот филм „Five Eyes“ (Пет очи), кој го снима славниот холивудски режисер Гај Ричи , а во главната улога игра познатиот актер Џејсон Стејтам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Снимањето е на филмот се одвива во историскиот Калеичи и на плоштадот „Џумхуријет“ (Република).
Улиците и плоштадите каде што се снима филмот се затворени за сообраќај.
Полициски екипи презедоа и безбедносни мерки во подрачјето.