Halil Demir
01 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на акцијата против терористичката организација ДЕАШ, во Истанбул приведени се 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за борба против тероризмот започнаа акција за откривање на лица кои заминуваат на странските боиштата во Сирија и во Ирак за да се борат на страната на ДЕАШ, и кои на социјалните мрежи ја величаат организацијата.
Во акциите изведени истовремено на неколку адреси во 12 места, приведени се 13 лица. При претресот на домовите и возилата, запленета е поголема количина на дигитален материјал, документи и пари.
Во тек е полициската постапка.