Cemal Coşkun
07 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на смртно настрадани во рушењето на зградата во Истанбул зголемен на шест, јавува Anadolu Agency (AA).
Во квартот Картал, во азискиот дел на Истанбул, вчера се сруши шесткатница.
На местото на настанот пристигнаа бројни полициски екипи, амбулантни возила и противпожарна служба. Подрачјето е обезбедено, а потрагата по урнатините и акцијата за спасување продолжува.