Vakkas Doğantekin
08 Февруари 2019•Ажурирај: 09 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Седумнаесет поранешни полицајци, меѓу кои и поранешен началник на полицијата и заменик-началник, беа уапсени во Турција, во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Апсењата настапија откако обвинителите во Анкара издадоа налози за апсење на 23 поранешни полицајци во седум турски области, вклучувајќи го и главниот град Анкара“, изјавија извори кои побараа да останат анонимни.
Осомничените се обвинети дека се дел од инфилтрираните припадници на терористичката организација ФЕТО во турската полиција.
Полицијата трага по преостанатите осомничени.
ФЕТО, чиј водач е Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа ранети.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.