Muharrem Cin
12 Февруари 2023•Ажурирај: 14 Февруари 2023
КУТАХЈА (АА) - Трудница и нејзиниот брат се извлечени од урнатините 140 часа по разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.
Спасувачките екипи вложувајќи големи напори, по долготрајна акција за спасување, спасија една трудница и нејзиниот брат, кои потоа се префрлени во болница.
„Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.
Од подрачјето погодено од земјотресот во други делови на земјата евакуирани се повеќе од 86.000 лица.
- Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.
Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.