Burcu Arik
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, денес изјави дека Уставниот суд на земјата нема право да иследува во врска со резултатот на референдумот што беше одржан во неделата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Уставниот суд според Уставот нема право и овластувања да го разгледува референдумот и конвенциите од кои е дел и Турција“, изјави Бекир Боздаг за телевизиската мрежа „A Haber“.
Боздаг во врска со тоа изјави дека законот е јасен: „Во нашиот Устав јасно стои дека одлуките на Врховната изборна комисија (YSК) се конечни и ниеден орган не може да ги обжали овие одлуки“, изјави тој.
„Дури и да се поднесе такво барање, Уставниот суд нема друг избор освен да го одбие тоа“, додаде министерот.
Гласачите во неделата излегоа на референдум за уставните реформи.
Неофицијалните резултати покажуваат дека кампањата за уставни реформи ја поддржаа 51,41 отсто од гласачкото тело, додека „не“ на референдумот кажаа 48,59 отсто. Одѕивот на гласачите беше 85,46 отсто.
Официјалните резултати ќе бидат објавени на почетокот од мај.