Meryem Göktaş
01 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
ИЗМИР (AA) - Градот Бирги во Турција, на Егејот, стар седум века, како да застанал во времето. Бирги, кој денес ѝ припаѓа на областа Измир, некогаш бил дом на цивилизациите на Фригите, Лидијците, па преку Римското, Византиското до Османлиското царство.
Градот во 2012 година е ставен на тентативната листа на светското наследство на УНЕСКО.
Влијанието на различните цивилизации се гледа во архитектурата сочувана до денес, во начинот на изградбите и во изгледот на надгробните споменици, џамии, фонтани, бањи и библиотеки...
Големата џамија во Бирги, со многу богат дрворез, изградена е во 1913 година.
Чакирагината вила е изградена за трговец со кожа во 18 век. Претставува автентичен стил на градење во тој период.
Куќите од природен камен и дрво претставуваат вредни примери на турската архитектура.
Одејќи низ улиците на ова гратче, посетителите можат да „отпатуваат“ и до 700 години во минатото.
„Гратчето е како на слика. Сите кои ќе влезат во Бирги ќе се чувствуваат како да влегле во слика“, рече Јашар Ѓунајдин, претставник на локалната Туристичка асоцијација.