Gözde Bayar
27 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Билансот на загинати во силниот земјотрес во Турција се искачи на 41, соопшти Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АФАД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер ја погоди источната турска област Елазиг во петокот. Земјотресот е почувствуван и во соседните земји, вклучувајќи ги и Сирија и Грузија.
„Извлечено е и последното тело од под урнатините“, соопшти преку објава на Твитер Мехмет Ѓулуоглу, челникот на Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АFAD).
Претходно, во текот на денот, турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на прес-конференција истакна дека 18 од повредените лица сè уште се наоѓаат на интензивна нега.
Според АФАД, од вкупно 1.607 повредени лица, 1.516 се пуштени на домашно лекување, додека 45 лица се спасени од под урнатините на куќите и зградите.
Од Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АFAD), соопштија дека источната турска област Елазиг, по петочниот разорен земјотрес, ја погодиле уште 948 дополнителни потреси на тлото.
Оттаму додаваат дека спасувачките активности во подрачјето продолжуваат со над 3.800 спасувачи, стотици возила и 22 кучиња трагачи.