Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
16 Февруари 2023•Ажурирај: 17 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку 36.187 лица загинаа во двата разорни земјотреси што ја погодија јужна Туркије минатата недела, ги соопшти денеска најновите податоци од природната катастрофа Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), јавува Анадолу.
Земјотресите на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области, Кахраманмараш, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.
И неколку земји во регионот, меѓу кои најкатастрофално Сирија, ги почувствуваа силните земотреси што ја потресоа Туркије за помалку од 10 часа.
Во акциите на пребарување и спасување на теренот моментално работат 253.000 лица.
„Најмалку 216.347 лица се евакуирани од регионите погодени од земјотресот досега“, истакнаа од АФАД.
Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека вкупно 7.098 лица од 74 земји се моментално на теренот.