Admir Fazlagic
22 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватската новинска агенција (Хина) преку соопштение ја информираше јавноста дека нејзините деловните простории се тешко оштетени од земјотресот, кој утрово го погоди Загреб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ги известуваме корисниците и пошироката јавност дека деловните простории на Хина се тешко оштетени во земјотресот, но Управата и уредништвото обезбедиле продолжување на функционирањето на сите сервиси на Хина. Хина како јавен сервис продолжува со редновно 24-саатно емитување на своите сервиси", соопшти Хина.
Потсетуваме, земјотресот што со јачина од 5,5 степени по Рихтер ги погоди Загреб и околината утрово, по што следуваа низа послаби потреси, резултираше со значителни материјални штети.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека „ова е најсилниот земјотрес во Загреб во последните 140 години."