Mümin Altaş
28 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
АНКАРА (АА) – Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во главниот град Анкара денеска официјално беше отворена градската болница „Етлик“ со капацитет од повеќе од 4.000 кревети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за втора градска болница што ја добива Анкара и 20-та во Туркије. Болничкиот комплекс е изграден на земјиште со површина од повеќе од еден милион квадратни метри, што ја прави најголемата болница во земјата.

Комплексот во Анкара се состои од осум посебни болници, со вкупен капацитет од 4.050 кревети. Има и 1.000 поликлиники, 125 операциони сали, 691 кревет за интензивна нега и 3.359 сервисни кревети. Комплексот ќе има медицински хотел, универзитет, хелиодром и комерцијални зони.

„Со комбинирање на нашиот човечки капитал и технолошки способности на највисоко ниво, секоја градска болница ќе ја направиме национален и меѓународен бренд“, рече Ердоган за време на неговото обраќање на церемонијата, додавајќи:
„Нема да застанеме додека не изградиме развиена Туркије во која нашата младина нема да им завидува на другите земји.“
На свеченоста, која се одржа во присуство на голем број граѓани, присуствуваа и потпретседателот на Туркије, Фуат Октај, голем број министри, претставници на институции, претставници на компанијата што ја изгради болницата и гости.