Ali Kemal Akan
17 Мај 2023•Ажурирај: 18 Мај 2023
АНКАРА (AA) - Шефот на Канцеларијата за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, упати реакции по скандалозните објави на францускиот магазин „Шарли Ебдо“ во врска со претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.
Алтун на својот профил на социјалните мрежи изјави дека недоличната публикација „Шарли Ебдо“, која е еден од важните центри за провокација, навреда и богохулење меѓу светските медиуми, уште еднаш му докажа на светот колку е одвратна објавувајќи ја својата најнова неморална и нехумана карикатура насочена кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Изгледа дека големиот успех на нашиот претседател на изборите одржани на 14 мај овојпат без сон ги остави овие лица лишени од чест, вадејќи го на виделина нивниот болен ум, нивната огорченост и ги натера да ја исфрлат од себе сета своја омраза“, истакна Алтун.
Во продолжение, Алтун порача:
„Им се обраќам на 'Шарли Ебдо' и на неговите деривати. Што и да направите, не можете да го заплашите Реџеп Таип Ердоган. Не можете да не натерате да скршнеме од избраниот пат. Остро го осудуваме овој неморален чин и со сожалување гледаме на нив додека се борат со својот очај.“