Burcu Çalık
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-претседателот на Владата на Република Турција, Тугрул Tуркеш денес во Анкара изјави дека нападот со хемиско оружје во сирискиот град Идлиб, во кој загинаа повеќе од 100 цивили, претежно деца, е показател за дивјаштвото на Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
„Навистина се работи за дивјаштво, варварство. Тоа не може да се нарече дури ни војна, тоа е полошо од тоа. Цивилите беа масакрирани со користење на хемиско оружје. Точка. Други изговори и оправдувања кои се поврзани со тоа се недоволни и неиздржани“, рече Tуркеш при посетата на редакцијата на АА.
Тој потсети на ставот на Турција во врска со режимот на Башар ал Асад во Сирија, кој од почетокот на војната останал непроменет, а се однесува на фактот дека Асад не може да остане на власт во оваа земја.
Tуркеш рече дека нападите со хемиско оружје во Идлиб се извршени од страна на режимот на Асад.
„За жал, беа нападнати цивили. Меѓу нив најмногу настрадаа жени и деца“, изјави Tуркеш.