АНКАРА (АА) - Новинската агенција Anadolu Agency (AA) која најбрзо и најисправно ги достави резултатите од изборите и референдумот во Турција, како една меѓународна информативна агенција, резултатите од претседателските и парламентарните избори во Турција, покрај за националните и локалните медиуми, ќе ги презентира до своите претплатници низ целиот свет на 13 јазици.
Покрај турскиот, АА ќе ги пренесува резултатите од изборите во Турција во сите делови од светот до своите претпатници на англиски, руски, француски, македонски, БХС (босански, хрватски, српски), албански, арапски, персиски, курдски (сорански), курдски (курманџиски), шпански и индонезиски јазик.
Професионалните новинарски екипи на АА и претходно на своите корисници навремено им ги пружаа сите информации за изборите и резултатите кои додатно беа проследени со графички прикази.
Корисниците и претходно имаа можност на интернет-страницата на АА (secim.aa.com.tr) да добиваат навремени и точни информации со графикони и картографски прилози.
Покрај тоа, екипите на АА додатно подготвуваат фотографии и биографии на сите кандидати и ги приложуваат на корисниците по објавувањето на резултатите, што на јавноста ѝ дава можност одблизу да ги запознае избраните поединци.
Последните пет изборни циклуси во Турција, АА ги следеше со репортерските екипи од сите турски градови, а важните информации на корисниците се сервирани брзо како „breaking news“.
Врховната изборна комисија на Република Турција, со објавувањето на официјалните резултати, само ја потврдуваше точноста на извештаите на АА.
Последниот изборен процес во Турција беше референдумот за уставната реформа за преминот од парламентарен во претседателски систем на управување, одржан на 16 април минатата година, а АА со грст специјални содржини за гласањето и резултатите, известуваше на 11 јазици.
Токму АА беше главен извор на сите национални и странски медиуми за време на минатогодишниот референдум.
Со точните извештаи за гласањето и резултатите, АА се наметна како доверлив извор на медиумите и јавноста.
По последните парламентарни избори кои во Турција се одржани на 1 ноември 2015 година, АА објави и извештај за процентот на освоените гласови и за бројот на пратеници кои подоцна ги потврди и Врховната изборна комисија во својот извештај.
„АК-Партија: 49,49% - 317 пратеници, CHP: 25,31% - 134 пратеници, MHP: 11,90% - 40 пратеници и HDP: 10,76% - 59 пратеници“, наведе АА во првиот извештај за резултатите од тие избори.
„АК-Партија: 49,50% - 317 пратеници, CHP: 25,32% - 134 пратеници, MHP: 11,90% - 40 пратеници и HDP: 10,76% - 59 пратенци“, пишуваше во извештајот за официјалните резултати на Врховната изборна комисија.
Со ист успех и доверливост АА известуваше и за време на локалните избори во март 2014 година, потоа на претседателските избори во август истата година и на парламентарните избори во јуни 2015 година.
news_share_descriptionsubscription_contact
