Sibel Uygun
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Во денешното соопштение на турската армија се вели дека во изминатите 24 часа, во северниот дел на Сирија е неутрализиран 51 терорист на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската војска не е наведена точната локација каде што се неутрализирани милитантите, но борците на Умерената сириска опозиција поддржани од турските сили биле концентрирани на заземање на градот Ал Баб од милитантите на ДЕАШ, град кој се наоѓа 40 километри североисточно од Алепо.
Како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, турската армија погоди 244 цели на ДЕАШ, вклучувајќи командни објекти, одбранбени позиции, засолништа, возила и оружје.
Во меѓувреме, турските авиони во Ал Баб и во околните области во истиот период погодија 85 позиции, вклучувајќи 10 возила натоварени со експлозив.