Nazlı Yüzbaşıoğlu
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу најави дека ќе има отпуштања во Министерството за надворешни работи, на ниво на амбасадори, по обидот за државен удар од страна на терористичката организација на Фетулах Ѓулен (ФЕТО), јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу, кој на турскиот телевизиски канал „Хабертурк“ зборуваше на теми на дневно ниво по обидот за државен удар, на прашањето дали ќе има отпуштања во Министерството за надворешни работи, изјави:
„Да, ќе има отпуштања на ниво на амбасадори“. Министерот за надворешни работи на Турција во врска со прашањата и одговорите од приемните испити, кои терористичката организација им ги дала на своите членови, изјави:
„Во нашето министерство отсекогаш имало класичен испит, превод на текст од турски на англиски или од англиски на турски. Прашањата со избор од повеќе алтернативи (со заокружување) беа најтешки во историјата на министерството. Одговорите на прашањата им биле дадени на овие лица. На тој начин настанал сериозен проток во министерството. Од некои институции беше извршен трансфер на персонал во нашето министерство и тие беа поставени на клучни позиции. На тој начин, овие луѓе покомотно можеа да ги пренесуваат потребните информации“.
Министерот Чавушоглу истакна дека министерството започнало со строга анализа за идентификација на овие лица: „Спроведовме вкрстена проверка, за да не се направи неправда. За да ја сведеме на минимум можноста за грешка, работиме многу строго. Потребно е да добиеме потврда на нашата проверка од три до четири места“.
Турскиот министер за надворешни работи на Турција околу прашањето за отпуштањето на амбасадорите истакна дека тие и онака биле пасивни во својата работа и додаде:
„Досега ним не им беше доделена задача, беа во нашиот центар, ги имавме отповикано. Сe разбира дека ќе бидат повлечени и некои функционери од пониско ниво. И тие, исто така ќе треба дефинитивно да се отстранат од нашата служба“.
Министерот Чавушоглу дополни:
„Крадењето на прашањата од приемните испити за поставување сопствен кадар во редовите на државата, само по себе е криминално дело. Со години овие лица земаат плата од државата. За ова ќе треба да дадат сметка. За да влезат на овој испит, за да се вработат во Министерството, децата на народот учат деноноќно од година до година и пол, додека овие лица, без напор и труд, со подготвени одговори ќе се вработат. Всушност, сето тоа многу очигледно можеме да го забележиме, имаме вработени со слабо познавање на јазици и мал капацитет“.