Турција

„Турција реагира против неправдата во светот, тоа е успех на сите нас"

„Доколку денес постои Турција која реагира против неправдата било каде во светот, тоа е успех на сите нас”, рече Ердоган

Enes Kaplan, Ferdi Türkten  | 20.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
„Турција реагира против неправдата во светот, тоа е успех на сите нас"

САМСУН (АА) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја се спротивставува на неправдата во целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган заедно со младите и спортистите присуствуваше на ифтарска вечера и во таа пригода испрати пораки на љубов на сите браќа ширум светот, од Туркистан до Сирија, од Аракан до Босна, од Средна Азија до Африка.

Додаде дека Турција низ историјата се соочувала со низа проблеми, но дека никогаш не потклекнала пред нападите. Порача и дека Турција ќе продолжи сигурно да чекори кон остварување на своите цели.

Турскиот претседател смета дека ако денес постои Турција за која се говори во регионот и во светот, тоа е резултат на чекорите преземени во последните 17 години.

„Доколку денес постои Турција која реагира против неправдата било каде во светот, тоа е успех на сите нас”, рече Ердоган во обраќањето пред младите во градот Самсун по повод 19 мај, националниот Ден на млади и спорт.

Ердоган рече и дека ако денес постои Турција која се грижи за палестинското прашање, ѝ подава рака на Африка, им помага на браќата во Средна Азија и Балканот, тоа е плод на победите запишани во економијата и дипломатијата.

„Доколку Господ даде здравје и можности Турција од 2023 ќе ја изградиме заедно. Вие ќе бидете архитекти на Турција 2053 и 2071 година”, рече Ердоган во обраќањето пред младите. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.