Турција

Ердоган: „Турција останува посветена на целите поставени до 2023 година“

Ердоган говореше на настан во турската област Самсун, на брегот на Црното Море, организиран по повод 19 Мај, Денот на младите и спортот, и Денот на сеќавање на Ататурк

Dilara Hamit  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
Ердоган: „Турција останува посветена на целите поставени до 2023 година“

САМСУН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција останува посветена на целите поставени до 2023 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган говореше на настан во турската област Самсун, на брегот на Црното Море, организиран по повод 19 Мај, Денот на младите и спортот, и Денот на сеќавање на Ататурк, првиот претседател на современа Република Турција.

По тој повод, Ердоган истакна дека се започнува со низа активности кои ќе траат до 29 октомври 2023 година.

Тој потсети дека Турција низ својата историја се соочувала со низа проблеми преку својата историја, но дека успешно се бори против нив.

„Секој ден уништуваме некоја замка која одвнатре или однадвор ѝ е поставена на нашата земја, и ја обновуваме амбицијата за посилна иднина. Ние сме посветени на нашите цели за 2023 година и ги следиме на сите полиња“, рече Ердоган.

Инаку, на 19 мај 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Турција. Затоа 19 мај е исклучително важен датум во земјата.

Денот на младината и спортот се обележува со различни манифестации низ Република Турција, но и во другите земји во светот каде што живее турската дијаспора.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın