Seyhan Kırıcı,Büşra Nur Özcan
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
БАЛИКЕСИР (АА) – „Приоритет за Турција во моментов е Мунбич. Очекуваме, првенствено од САД и од коалициските сили, да го одржат ветувањето кон Турција на оваа тема. Бараме елементите на ПЈД/ПКК да се повлечат од западниот брег на Еуфрат, поточно од Мунбич. Тоа е ветување на САД кон Турција. Очекуваме ова ветување да се реализира во најкраток временски прериод“, изјави министерот за национална одбрана на Турција, Фикри Ишик, јавува Anadolu Agency (AA).
При посетата на министерот Ишик на гувернерството во Баликесир, на новинарското прашање: „Во Мунбич има раздвиженост. Дали може да ги добиеме вашите процени во врска со тоа?“, министерот одговори дека по расчистувањето на ДЕАШ од Ал Баб, приоритет има Мунбич.
Министерот Ишик посочи на сериозната раздвиженост во регионот:
„Во почетокот, ДЕАШ му препушти некои места на режимот. Сега можеме да видиме дека и ПЈД, ЈПГ му ги препушта некои места на режимот. Ова всушност ја докажува нашата теза дека ПЈД, ДЕАШ и режимот повремено дејствуваат заедно. За време на дејстувањето во овие неколку дена, видовме дека повеќе структури, кои изгледаат како меѓусебни непријатели, со леснотија можат да соработуваат. Се разбира, приоритет на Турција во овој момент е Мунбич. Очекуваме, најпрво од САД и од коалициските сили, да го одржат ветувањето кон Турција во врска со оваа тема. Бараме елементите на ПЈД/ПКК да се повлечат од западниот брег на Еуфрат, поточно од Мунбич. Тоа е ветување на САД кон Турција. Очекуваме ова ветување да се реализира во најкраток временски прериод. Без прекин продолжуваме со нашите активности во врска со ова“.