Турција

Турција и СЗО потпишаа договор за отворање на канцеларија во Истанбул

Клуге изрази почит за Турција за солидарноста за време на пандемијата. Тој исто така укажа на успехот на оваа земја во борбата против пандемијата со нискиот број на смртни случаи меѓу постарите лица

Burcu Çalık Göçümlü  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
 Турција и СЗО потпишаа договор за отворање на канцеларија во Истанбул

АНКАРА

Турција и Светската здравствна организација (СЗО) потпишаа договор за отворање на Канеларијата на СЗО за хуманитарни и здравствени итни состојби во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).

По отворањето, канцеларијата ќе ги менаџира напорите за исполнување на актуелните потреби за време на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), рече турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на прес-конференцијата заедно со Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Хенри Клуге.

Меѓу другото, Клуге истакна дека оваа канцеларија ќе му служи на Еврпа.

Податоците објавени од април покажаа дека Турција ја надминува критичната точка во нејзината борба против Ковид-19, намалувајќи го товарот на случаите и бројот на смртните случаи со над 75 отсто, нагласи Клуге, укажувајќи на важноста на подготвеноста за итни случаи, развојот на локали тестирања за дијагностика и зајакнување на тестирањето, собирањето на контакти и третирањето.

Клуге изрази почит за Турција за солидарноста за време на пандемијата. Тој исто така укажа на успехот на оваа земја во борбата против пандемијата со нискиот број на смртни случаи меѓу постарите лица.

„Ние исто така треба да бидеме подготвени за третирање на високите рицизи, особено меѓу постарите лица, во есен, кгоа ќе стигна сезоната на грипот. За да се одржи овој успех на Турција со ниска смртност од Ковид-19 меѓу псотарите лица, ќе ни требаат насочени интервенции, како што се вакцинација против грипот, спречување на инфекцијата и контролата“, додаде Клуге.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.