Ekipa
25 Април 2019•Ажурирај: 26 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турција треба да работи уште повеќе за привлекување на странски инвестиции и да остане конкурентна во ерата на растечката глобална конкуренција, истакна турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како резултат на закрепнувањето на инвестициската клима, Турција очекува странските инвестиции да обезбедат трансфер на технологија, вработувања и производствeна вредност“, изјави Фуат Октај на инвестицискиот состанок во главниот град Анкара.
„Во текот на изминатите 17 години, под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, беа преземени неколку чекори за заздравување на инвестициската клима, за обезбедување стабилност и во обликувањето на Турција како привлечно средиште“, рече тој.
Тој додаде дека Турција никогаш не видела вакви чекори како еднократна политика.
„Благодарение на овие напори, Турција привлече 210 милијарди долари странски директни инвестиции во текот на изминатите 17 години“, истакна турскиот потпретседател Октај.